Виде ли Шилегов дека нема многу место каде да се вози тротинет?

Скопје требало да стане град на велосипедите и тротинетите. Ова е цел и препорака на скопските гредоначалници. Добра е таа замисла. Уште подобро е што за постигнување на ова, некои од општинските татковци како и градскиот татко распишаа јавни повици за надоместување на дел од трошоците на скопјани ако се одлучат да купат велосипед. Се делат популарни субвенции во износи кои не се за потценување.
Но да прашаме: дали Шилегов и неговите општински колеги возат велосипеди кога одат на работа или при пократки дестинации во градот? Даваат ли личен пример или не се откажуваат од удобните автомобили?
Да, видовме фотографии по медиуми како неколкумина од нив се на велосипеди, ама тоа беше за време на некои акции кога има многу новинарски камери и фото апарати. Личниот пример нека го даваат што е можно почесто и без камери.
Пред некој ден го видовме на фотографија градионачалникот Шилегов и на тротинет. Ќе го вози почесто? И возејќи се, дали тој виде дека всушност има малку соодветен простор каде може да се вози велосипед и тротинет?
Недостигаат во Скопје велосипедски патеки, но и нема ред на оние кои веќе постојат.
На социјалните мрежи се уште кружи фотографијата од велосипедската патека на која беше направена автобуска постојка, па мораа да ја поправаат.