И утрово аеродромци ја блокираа крстосницата кај мостот „Близнаци“ протестирајќи против загадувањето кое доаѓа од Вардариште. Главното нивно барање е итни и сеопфатни мерки од надлежните.
Овојпат на насобраните граѓани им се придружи и градоначалникот на Аеродром, Дејан Митески, кој објасни дека Општината нема надлежности со кои може да го реши проблемот со Вардариште и дека дава поддршка на протестот затоа што загадувањето им пречи на сите.
Граѓаните делумно се согласија со него, а делумно не и го повикаа утре наутро во исто време, да се соберат на истото место и за заедно да отидат до Вардариште, да ја видат состојбата.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: