Запленети се 204 банкноти и монети за колекционерски цели, чија вредност е
проценета на 700 илјади денари. Случајот е откриен на скопскиот аердром од
страна на цариниците.
Имено при контролата на патник – државјанин на САД, во двата куфери и во
торбите што ги носел со себе биле откриени банкноти и монети за
колекционерски цели.
Против патникот е поведена соодветна постапка до надлежен суд.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:




