Темен режим Режим на светлина

(ВИДЕО) Бараме трајно решение за „Вардариште“ – блокиран мостот „Близнаци“

Аердромци од утрово почнаа да го блокираат мостот „Близнаци“ во знак на револт поради големата загаденост предизвикана од депониите Вардариште и Дрисла. Тие бараат трајно системско решение и нагласуваат дека немаат партиска агенда, туку само бараат здрава животна средина.

Демонстрантите предупредија дека вакви блокади ќе има секој ден сè додека надлежните институции не понудат конкретни чекори и рокови за затворање и трајно решавање на депонијата.

Инаку, тие протестираат веќе цела недела и секое попладне.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Три физички и едно правно лице ќе одговараат за огромниот пожар во Визбегово кој го загуши скопскиот регион

(ВИДЕО) Кризата во Трубарево целосно ставена под контрола

Следна објава

(ВИДЕО) За градоначалник на Скопје се пријавија 18 кандидати