(ВИДЕО) Цеца со свирежи испратена од Велес – го извади бугарското знаме

101

Видеоснимки од синоќешниот концерт на Светлана Ражнатовиќ – Цеца во Велес, што се шират на социјалните мрежи, покажуваат инцидент што предизвика револт кај публиката.

На снимките се гледа како српската пејачка, додека е на бината во СЦ „Гемиџии“, подигнува бугарско национално знаме и го става врз себе.

Публиката веднаш реагирала со гласно исвиркување и негодување.

Потегот се чини ја збунил и самата пејачка, откако до неа пристапил најверојатно нејзин соработник и ѝ сугерирал да го тргне знамето. Откако го направила тоа, таа се обидела да ја смири ситуацијата.

Во обид да ги смири реакциите, Ражнатовиќ подоцна на бината го подигнала и македонското знаме.

Организаторите на настанот и тимот на пејачката сѐ уште не се огласиле во врска со инцидентот.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна вестПочина Кире Ѓорѓиевски – осуден на 13 години затвор за „27-ми април”
Следна вестАпел од ААВМУ: Медиумите да го почитуваат изборниот молк