Темен режим Режим на светлина

(Видео) Дронови го затворија аеродромот во Копенхаген

Воздушниот простор над аеродромот во Копенхаген е целосно затворен вечерва поради појава на неколку големи дронови. Од 20:30 часот авионите не можат да полетаат или да слетаат, а повеќе од 35 летови се пренасочени кон Гетеборг, Малме и Билунд.
Патниците што веќе чекале во авиони на пистата се вратени во терминалот. Од аеродромот соопштија дека затворањето е редовна безбедносна процедура.
Дроновите сè уште се забележуваат околу аеродромот, понекогаш со силно светло. Патниците се советуваат да контактираат со авиокомпаниите за информации околу откажани летови.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

(ВИДЕО) Мециновиќ најави нов систем за наплата на комуналните услуги

Следна објава
Русија во голем напад над Украина: со 400 дронови и 40 ракети гаѓани енергетски објекти

(Видео) Беспилотни летала ја нападнаа Москва