Темно Режим Светло Режим

(ВИДЕО): Ѓорѓиевски и Митески на средби со граѓаните на Аеродром

Во паркот „Јане Сандански“ и во населбата Лисиче, Орце Ѓорѓиевски, кандидат за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, заедно со сопартиецот, кандидатот за градоначалник на Аеродром, Дејан Митески, одржаа средби со граѓани со кои споделија идеи и предлози. Тие ги слушнаа и проблеми со кои жителите на овие места се соочуваат.

„Токму овие разговори со народот се нашата најголема сила и мотивација. Не ветуваме чуда, но ветуваме чесност, посветеност и упорност за подобар и подостоинствен живот,“ порача Ѓорѓиевски.

Тој додаде дека за нив дадениот збор значи обврска и нешто од кое никогаш нема да се откажат. Програмата што ќе биде понудена, според него, ќе биде создадена заедно со граѓаните, со цел Аеродром и цело Скопје да станат уште поубави и достоинствени места за живеење.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

(ВИДЕО): Протести поради загадувањето од Вардариште продолжуваат и денес

Следниот Пост

(ВИДЕО): Професорот Трајковски објаснува зошто БРТ не е решение за сообраќајот во Скопје