„Генералка” на Скопје во првите 72 часа од мандатот, најави кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, на неговата промоција што се одржа викендов.
Тој на скопјани им вети и интегриран јавен превоз, еколошки автобуси, целосно реновирање на Универзална сала и киното Милениум, воведување програма Град без депонии и еко бригади.
Ѓорѓиевски најави и пошумување на градот, како и 50 мали маалски паркови.
Како што истакна тој, најдоброто за Скопје допрва доаѓа.


