(ВИДЕО) Ѓорѓиевски: Во Кисела Вода листите за чекање во градинките се сведени на нула

22

„За 20 дена ќе биде готова новата градинка во населеното место Потстаница во населбата
Драчево“, најави градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, откако заедно со
премиерот Христијан Мицкоски изврши увид на активностите на терен.

Во објектот со три занимални, со вкупна површина од 300 метри квадратни ќе бидат
згрижени 75 дечиња.

Градоначалникот Ѓорѓиевски потенцираше дека во Кисела Вода листите на чекање се
сведени на нула и оти ова е една од ретките општини што се отворени за згрижување на
дечиња од други општини.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна вестАмар Мециновиќ е кандидат за градоначалник на Град Скопје од Левица
Следна вест(Видео) Урбани вести на Прва Скопска ТВ – 22.08.2025