Темен режим Режим на светлина

(Видео) И во Осло се појавија дронови, затворен аеродромот

Летаат дронови околи аеродромите во Скандинавија. По Копенхаген, и аеродромот во Осло беше затворен откако беа забележани најмалку два дрона во неговата близина, јавија тамошните медиуми.
Сите летови беа запрени повеќе од четири часа, а поради тоа имаше големи доцнења и откажувања. Норвешката полиција засега нема индиции дека случајот е поврзан со сличниот инцидент на аеродромот во Копенхаген, кој беше повторно отворен.

Портпаролката на аеродромот Лиза Кирштајн изјави дека повторното отворање е можно откако подолг временски период не биле забележани дронови, иако ризикот не е целосно исклучен. Во Копенхаген, патниците изразија страв и нервоза, а полицијата соопшти дека сè уште не е јасно од каде потекнуваат дроновите, ниту дали можат да бидат поврзани со Русија.


<

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Белгија, Луксембург и Малта ја признаа Палестина

Следна објава
УХМР: Сончево време до петок, за викенд можен дожд

Времето денес сончево