Темен режим Режим на светлина

(ВИДЕО) Коњановски: Се привршува влезот на Битола од страната на Прилеп

Коњановски: Општина Битола гради 6 нови паркинг простори Коњановски: Општина Битола гради 6 нови паркинг простори

Со засилени градежни активности, булеварскиот влез во Битола од правецот на Прилеп добива финален изглед. Работите на терен се изведуваат со дневни и ноќни смени, при што се врши асфалтирање, поставување на инсталации, уредување на тротоари и атмосферска канализација.

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, изјави дека сообраќајниот режим е организиран така што се минимизираат застои, а воедно се овозможува квалитетна реализација на проектот.

„Битола заслужува современ и европски влез во градот, а битолчани со право очекуваат нивниот град да има достоинствен влез што ќе ја рефлектира историјата и современоста на Битола,“ нагласи Коњановски.

Од општината посочуваат дека наскоро ќе биде финализиран целосниот изглед на овој значаен инфраструктурен зафат, кој се смета за еден од најважните за развојот и имиџот на градот.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

(Видео) Расадник добива нов плоштад

Следна објава
(Видео) Дневен времеплов – 05 февруари

(Видео) На денешен ден – 25 Септември