Уште еднаш, денеска, премиерот Христијан Мицкоски им се извини на скопјани за тоа што пред четири години ја поддржал Данела Арсовска за градоначалничка на Скопје.
Одговарајќи на новинарски прашања по посетата на новата спортска сала во училиштето „Димитар Поп Беровски“, тој рече дека чувствува одговорност и најави дека за сегашната состојба, поради која градот е затрупан со ѓубре, ќе има одговорност.
„Ние не правиме естрада од ништо, водиме политика, која е многу внимателна. Процесите што ги водиме имаат одговорност и на крајот тој процес мора да има име и презиме. Бидете сигурни дека ќе има одговорност и ќе има име и презиме, изјави Мицкоски.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:



