(Видео) Одложено рочиштето против моторџијата што летово усмрти пешак на кејот на Вардар

18

Скопскиот кривичен суд го одложи денешното рочиште на кое требаше да биде донесена пресудата против 25-годишниот скопјанец кој на 1 јули годинава, управувајќи мотор „Кавасаки”, без возачка дозвола на пешачка патека на кејот на Вардар, во близина на Паркот на Франкофонијата го прегази 68-годишниот Југослав Николовски и избега од местото.

Како што информираше Судот, рочиштето е одложено поради отсуство на обвинетиот, кој поради стомачен вирус, утринава, пред почетокот на судењето завршил на инфузија.

Обвинителството го товари лицето за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот и за неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна вест(Видео) Можност за вдомување на бездомни кучиња од „Лајка“ од денеска до недела во „Дајмонд мол“
Следна вест(Видео) Во недела наутро стрелките на часовникот еден час назад, започнува зимското сметање на времето