(Видео) Промовиран документарецот за кошаркарскиот клуб „Работнички“

78

Синоќа во Скопје премиерно беше прикажан документарецот „Вратете го чаламот”, посветен на големите успеси и славната историја на македонскиот кошаркарски клуб „Работнички”.

Промоцијата на документарецот, што е во продукција на „Слобода филм”, а со финансиска поддршка на Општина Центар собра голем број спортски новинари, кошаркарски легенди и сегашни членови на тимот.

Премиерата ја отвори легендарниот спортски новинар Атанас Костовски, кој со носталгија се потсети на првите телевизиски преноси и на славните денови на „Работнички” во Градски парк.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна вестСкопјани со прашање: Треба ли „Комунална хигиена“ да наплаќа ѓубрарина за последните месеци?
Следна вестСкопје: Глушец каснал 10-годишно дете среде игралиште во Капиштец