Неподносливата смрдеа на изгорено од депонијата Вардариште со денови ги извади вчера попладне аеродромци на протест, блокирајќи го булеварот Србија.
Протест е најавен и за денеска во 18 часот, на кој граѓаните ќе бараат итна реакција од институциите и трајно решавање на проблемот, кој го загрозува нивното секојдневие и здравје. Собирот се организира преку повик за мобилизација на социјалните мрежи.




