(Видео) Прва скопска ТВ: Бесплатно летување за учениците од Кисела Вода

100

Околу 140 ученици од основните училишта од Кисела Вода заминаа на седумдневно, целосно бесплатно летување во одморалиштето „Детски радости“ во Св. Стефан, Охрид.

Како што информираше градоначалникот на, Орце Ѓорѓиевски овој проект кој го започнале е значаен чекор кон унапредување на квалитетот на животот на децата од социјално ранливи категории.

Станува збор за ученици од семејства кои примаат социјална помош, еднородителски семејства или семејства со ниски приходи и со оваа мерка, како што истакна Ѓорѓиевски, им овозможуваат еднакви можности и радости какви што имаат и нивните врсници.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна вест(Видео) Прва скопска ТВ: Реконструкција на ОУ „11 Октомври“ во Пролет
Следна вестЗа Универзитетот „Мајка Тереза“ и подземниот паркинг на плоштадот Скендербег во Скопје обезбедени 65 милиони евра