(Видео) Прва скопска ТВ: Дали „топлификација“ и домовите на скопјани имаат различни термометри?

56

Радијаторите за парно остануваат ладни. Иако, според утринските мерења, деновиве температурите во Скопје се под 10 степени, топлина од централното греење не стасува во домовите. Дали во „топлификација“ друго им покажува термометарот или пак ќе чека да дојде 15-ти октомври, кога веќе снабдувачот со топлина има обврска да „пушти“ парно?

Повеќе денови се исполнети сите други услови за да има парно, односно времето е ладно. Но, скопјани добија објаснување дека при последниот тест на централаната мрежа искрснале нови дефекти. Дали дефектите се средени и дали воопшто и на 15-ти ќе почне греењето, прашуваат скопјани кои редовно си ги плаќаат сметките.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна вестПрва Скопска ТВ: Дали „топлификација“ и домовите на скопјани имаат различни термометри?
Следна вестВремето денес сончево со температура до 23 степени