(Видео) Прва скопска ТВ: До кога во Вардар ќе има повеќе пластични шишиња од риби?

31

Реката Вардар треба да е украс на Скопје. Но, дали е така? Дури и во најстрогиот центар на градот во речните води има многу ѓубре. Просто има повеќе пластични шишиња, канти и ќеси отколку што има риби. Не ретко пливат грбно или градно дири и по некој шпорет, перална или автомобилски гуми.

Ако на оваа грда слика се надодаде и тоа дека во Вардар се уште се слеваат фекални и отпадни води тогаш е јасно зошто прошетката покрај реката некогаш не е баш пријатна за очите и носот.

Скопјани со години слушаат најави и ветувања за централна пречистителна станица во Скопје, се ветува колекторски систем, но и механичко чистење на речното корито. Но, засега работата си ја врши само дождот кој одвреме навреме ќе наврне троа повеќе па надојдените речни води самите ќе си подзачистат. До кога кога ќе биде така?

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна вестРеториката се заострува, уште четири дена изборна кампања
Следна вестСе урна рудник во Венецуела, бројот на загинати е над 10 лица