(Видео) Прва скопска ТВ: И скопјани и бездомните кучиња чекаат посеопфатна програма за решавање на проблемот

141

Скопското јавно претпријатие „Лајка” на 18 октомври ќе го одбележи својот роденден кој е петти по ред. Од таму велат дека и во ограничени услови создавале успеси, среќни судбини и вистински промени.

-Во изминативе години, ја трансформиравме „Лајка“ во институција што покажува дека системот може да биде и хуман, транспарентен и посветен на секое живо суштество, посочуваат од претпријатието.

Да, постигнати се успеси, но останува фактот сека Скопје е преполно со бездомни кучиња. Има проценки дека се неколку илјади, а постојат сведоштва дека некој организирано и тајно донесува нови кучиња од останатиот дел на Македонија и ги истовара во Скопје.

Сето тоа треба да се среди. Треба да се подобри и финансирањето и капацитетите на „Лајка“. А и зишто не би се изградиле и други такви капацитети во останати делови од градот. Само така ќе се реши проблемот и за доброто на скопјани и за доброто на животните.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна вест(Видео) Прва скопска ТВ: Скопјани ги слушнаа кандидатите, дали тие ги разбраа потребите на граѓаните?
Следна вест(Видео) Прва скопска ТВ: Промовирана монографија за познатиот композитор Кире Костов