(Видео) Прва скопска ТВ: Јакимовски во контрола на лифтови финансирани од Општината

41

Заедно со управителот на зградата на ул. Никола Парапунов бр. 5, градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски вчера изврши контрола на лифтовите по нивната реконструкција финансирана од Општината.

Според нивната констатација лифтови се побезбедни, поефикасни и со значително пониска потрошувачка на електрична енергија, што носи и заштеди за станарите. „Ова е пример како субвенциите на општина Карпош и одговорното управување од станарите носат конкретни резултати. Со вакви вложувања, очекуваме во наредните 4 години сите лифтови во општината да бидат целосно реконструирани, за секој граѓанин да има безбеден и модерен превоз во својата зграда“ изјави Јакимовски.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна вест(Видео) Прва скопска ТВ: Герасимовски во посета на центарското маало Крњево
Следна вест(Видео) Прва скопска ТВ: Стефковски од ВМРО-ДПМНЕ го почна „Караванот за идеи во Гази Баба“