„Изработивме специјален QR-код кој директно ве поврзува со веб страница, каде можете да ги напишете вашите идеи и проекти“, објави Орце Ѓорѓиевски, кандидат на ВМРО- ДПМНЕ за градоначалник на Скопје.
Тој појасни дека на овој начин сака да оствари поблиска врска со чителите на главниот град, оти пред сите стои предизвикот на Скопје да му се врати сјајот и достоинството што го заслужува.
„Тоа нема да го направи еден човек, туку тоа ќе го направиме заедно – со вашите идеи, предлози и визии. Како човек од народот кој верува дека вистинската сила е токму во народот, програмата ќе ја пишуваме со вас – на улиците, во маалата, во секоја населба, но и преку оваа отворена платформа, напиша Ѓорѓиевски.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:


