Реконструкцијата на Домот на културата во населбата Ченто влегува во завршна фаза и се очекува до крајот на годината да биде пуштен во употреба. Според Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков околу 60 проценти од градежните активности се веќе завршени.
Тој истакна и дека дека заложбите на Владата и на Министерството се во насока на континуирана поддршка и развој на културната инфраструктура во сите општини, како и создавање еднаков пристап до културни содржини за сите.
Домот на културата во Ченто, кој со години беше запуштен и нефункционален, ќе биде на три нивоа и ќе биде целосно приспособен за одржување најразлични културни настани.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:



