Монографијата „Кире Костов – македонски инструменталист, композитор, диригент и педагог” од Снежана Анастасова Чадиковска и Марко Коловски се поромовираше синоќа во книжарницата „Литература” во Дајмонд мол.
Станува збор за дело кое содржи околу 250 страници и претставува сведоштво за творечкиот опус на еден од најистакнатите македонски композитори Кире Костов, од неговите први композиции, преку долгогодишната работа во Танцовиот оркестар на МРТ, до неговите најпознати песни како „Летај галебе”, „Твоите очи сине”, „Тајно моја”, „Кога те нема” и многу други, кои претставуваат македонско музичко наследство.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: