Околу 600 дечиња, кои годинава за првпат ќе седнат во училишните клупи во некое од осумте основни училишта во општина Кисела вода, ќе добијат сеопфатен пакет со сè што им е потребно за успешно да го започнат своето образовно патување – ранче, тетратки и основен училишен прибор.
„Првиот училишен ден е посебен, исполнет со радост, возбуда и гордост – не само за децата, туку и за нивните родители. Тој треба да остане во сеќавање по детската насмевка, а не по финансиските грижи,“ се вели во објавата на градоначалникот Ѓорѓиевски кој е и кандидат за градоначалник на Град Скопје.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:



