(Видео) Прва скопска ТВ: Шест скопски општини добија нови градоначалници во прв круг, во четири ќе се гласа втор круг

24

Жителите на Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров и Кисела Вода се одлучија уште во првиот круг кој да ги води овие општини во следните четири години. Сите се од ВМРО-ДПМНЕ. Дарко Костовски, Бобан Стефковски и Александар Стојкоски се старо нови градоначалници, додека во Кисела Вода нов градоначалник е Бети Стаменковска – Трајкоска.

И Чаир и Сарај избраа во првиот круг. Таму победија Изет Меџити и Мухамет Елмази и двајцата од ВРЕДИ.

Во останатите четири скопски општини Карпош, Аеродром, Центар и Шуто Оризари, одлуката која ќе биде прв човек, граѓаните ќе ја кажат за две недели.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна вест(Видео) Прва скопска ТВ: Втор круг за Скопје: Ќе се бира меѓу Орце Ѓорѓиевски и Амар Мециновиќ
Следна вестЦело Тетово нема вода, намерно пресечена главната водоводна линија