Проектот за Брз автобуски транспорт (БТР) на поранешниот градоначалник Петре Шилегов, што не беше прифатен од јавноста ќе биде еден од главните приоритети на Каја Шукова, кандидат за градоначалник од СДСМ. Како што објасни таа во интервју за МИА, овој проект само ќе добие извесна адаптација со пуштање на крак до Кисела Вода.
Шукова најави и завршување на Луна паркот, намалување на потрошувачката на вода во градот, мерки за справување со загадениот воздух, повеќе култура, како и чистење на Градот.



