Во недела 474.304 регистрирани гласачи ќе одлучат кој ќе биде иден градоначалник на Скопје. Или барем ќе одберат двајца фаворити кои ќе ја продолжат борбата уште две седмици до вториот круг на изборите кога дефинитвно ќе биде познат победникот. Овие поминати 20 дена кампања гласачите ги слушнаа 16-те претенденти за скопскиот „престол”, но дали тие слушнаа и разбраа кои се суштинските потреби на скопјани?
За жителите на главниот град неопходни се решавањата на проблемите со: инфраструктурата и одржувањето на сообраќајните улици, проблемите со јавниот превоз, нефункционалните јавни претпријатија, хигиената и експресното решавање на дивите депонии, обезбедување на паркови и зелени површини.
Има уште многу задачи, оти многу работи до сега не беа направени како што треба. Скопје во последните 8 години со двајца нефункционални градски лидери назадуваше во секоја сфера од живеењето.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:



