(Видео) Прва скопска ТВ: Скопјани гласаа – на решение за ѓубрето по улиците мислеа

218

Скопјани вчера испратија јасна порака кои се кандидатите што се најсоодветни за решавање на многуте градски проблеми. Во избирачките кутии ги ставаа ливчињата со разни заокружени фавори. Но, на сите жители на Скопје едно им беше заедничко – конечно градот да се исчисти.

Иако се работи за главен град во европска држава, иако сме 21 век, состојбата на теренот е таква што 600.000-те скопјани очекуваат и бараат ѓубрето да биде тргнато од улиците. Бараат и други елементарни работи како одржување на парковите и зеленилото.

-Доведени сме во ситуација да бидеме среќни ако  градоначалниците ги завршат најосновните работи за кои дебело се платени. Очекуваме по овие избори поголема сериозност и работа, доста беше од празни ветувања, реагира еден скопјанец по вчерашното гласање.

Во приоритетите кои граѓаните ги навројуваат се и чистиот воздух, средување на депониите и градење на нови улици и мостови за да се растовари често закрчениот сообраќај.

По две недели скопјани со гласање ќе допрецизираат кој се ќе треба да се соочи со решавање на овие проблеми.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна вест(Видео) Прва скопска ТВ: Владејачката владина коалиција обезбеди мнозинство во советот на Град Скопје
Следна вест(Видео) Прва скопска ТВ: Втор круг за Скопје: Ќе се бира меѓу Орце Ѓорѓиевски и Амар Мециновиќ