Изборната кампања влегува во фото – финиш. Скопските кандидати даваат нови и нови ветувања. Сега се споменува дури и правење на базени.
Да, добро е што се сетија на таа тема. Во пренаселеното Скопје има само 3-4 базени кои може граѓаните да ги користат. Тоа е премалку за над половина милион скопјани. Тоа го знаеја надлежните и минатава деценија даваа многу ветувања за изградба на други базени, ама ништо од тоа не бидна.
Дали овој пат ветувањата за градења на базени се посериозни? Скопјани доволно слушаа пред години за нови базени – те три во Карпош, те два во Ѓорче Петров, те еден во Хиподром… и слично. Време е да видат како тие се градат, а наскоро и да пливаат во нив.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:



