Старата чаршија е украс на Скопје. Поточно, чаршијата некогаш беше украс на главниот град. Особено последнава деценија сјајот и автентичноста на овој историски дел од Скопје се изгубени.
Старите градби слабо се одржуваат. А од друга страна и кој што сака и каде сака доградува или руши. Едноставно, се нагрдува автентичноста со нови градби на кои не им е место во чаршијата. Плус на тоа, неброени се дупките по калдрмата за кои долго време не се најде градител барем да ги закрпи.
Уште многу маани има да се набројат, но бројни беа и ветувањата од надлежните дека на Старата чајшија ќе и биде вратена убавината. По еден камен при секое ветување да ставаа целата калдрма ќе ја средеа, ама само на зборови цврсти беа функционериве.
Но, еве добро е, сето ова го увиделе сегашните кандидати за градоначалници па даваат ветувања дека се ќе средат само треба да седнат во фотелјата. Ќе дочекаме ли Старата чаршија пак украс на Скопје да стане или пак нови ветувања ќе дочекаме?
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:



