Вечерва ќе се почне со терестричната дезинсекција на територијата на Скопје против возрасни форми и против ларви од комарци, соопштија од Градот.
Терестричната дезинсекција ќе се врши од денес до петок, во вечерните и раните утрински часови, од 22:00 до 03:00 часот наредниот ден.
Во случај на неповолни временски услови, соопштија од таму, дезинсекцијата ќе се одложи и ќе се реализира во првиот нареден ден со соодветни временски услови.



