ВМРО-ДПМНЕ освои 18 места во идниот Совет на Град Скопје. Во Советот што брои 45 члена, гласачите, на вчерашните локални избори, доверба им дадоа и на Левица, ВРЕДИ и коалициата НАИ предводена од ДУИ кои освоија по 6 мандати.
Со пет места ќе биде застапена СДСМ. По едно место освоија Коалицијата на ЛДП и ГРОМ, ЗНАМ и независните кандидати Јана Белчева и Марјан Калевски.
Според ова владината коалиција на ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ ќе има мнозинство и во „скопскиот парламент“ со 25 советници.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:



