(Видео) Прва скопска ТВ: Во Јасен се уште гори

19

Дождовите и попријатното време од минатите деновиве не помогнаа во целост да се изгасне пожарот во Јасен. Таму се уште гори, а надлежните служби се постојано на терен обидувајќи се да ја стишаат огнената стихија.

Во текот на ноќта, како што објаснија од Дирекцијата за заштита и спасување, огнот се приближил до шумскиот пат кој води од влезната капија на ловиштето до ресторанот на брегот на вештачкото езерот Козјак, но благодарение на претходно исчистениот терен од вегетацијата, било спречено негово понатамошно ширење.

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна вест(Видео) Прва скопска ТВ: Започна Карпошово културно лето 2025
Следна вест(Видео) Прва скопска ТВ: МВР ќе ги едуцира повозрасните карпошани како да се заштитат од измами