(Видео) Прва скопска ТВ: Во скопските старски домови „Актив“ и „Арија“ нечовечки се однесувале кон стари лица

69

Две сопственички на старски домови во Скопје „Актив“ и „Арија“ добија кривични пријави од МВР под сомнение  за нехуман, суров, деградирачки, нечовечки и понижувачки третман на стари лица, за кои нивните семејства плаќале услуга за вонсемејно домување.

„Двете приватни установи, во периодот од 2022 година до денес, не ја вршеле дејноста во рамки на издадените дозволи, односно сместувале корисници над дозволениот капацитет, неуредно ја воделе пропишаната евиденција за корисници на социјална услуга, не поседувале досие со стручна документација за сите корисници, не воделе евиденции за одржување на личната хигиена на корисниците, немале вработено соодветен број стручни кадри во смена, а имале вработено лица без соодветна документација за вработување, соопштија од МВР.

Дури за згрижените не им биле обезбедени четири дневни оброци со соодветна спецификација за дистрибуираните оброци, како што налагале правилата.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна вест(ВИДЕО) Во кој правец градските автобуси ќе возат по изборите?
Следна вестФилипче од Кривогаштани: Ова не се обични локални избори, се бориме за нашиот дом, за Македонија