Темно Режим Светло Режим

(Видео) Прва скопска ТВ: Вреди – Бујар Османи е симбол на кариеризмот

„Граѓаните на Чаир добро знаат кој е Бујар Османи. Знаат дека за дваесет години политика никогаш не направил ништо за Чаир, ниту помогнал на некого од Чаир. Се враќа тука само кога му требаат гласови за да ја продолжи својата лична политичка кариера,“ стои во соопштението на ВРЕДИ.

Според нив Османи е симбол на кариеризмот – човек кој ја користел секоја функција з сопствен напредок, а не за доброто на граѓаните.

„Како министер за здравство доби амнестија во предмет на СЈО за незаконски набавки, а како министер за надворешни работи потроши над 120 милиони денари за Самитот на ОБСЕ, без документи, без фактури, без извештаи. Чаир не заслужува човек кој цела кариера ја помина далеку од проблемите на својата општина“, напишаа од Вреди.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

(Видео) Прва скопска ТВ: Пожарот во ловиштето Јасен се уште активен

Следниот Пост

(Видео) Прва скопска ТВ: Герасимовски во посета на центарското маало Крњево