(Видео) Прва скопска ТВ: Завршува мандатот на Данела Арсовска: Лесни ветувања – тешка реализација

31

Што доби Скопје од сегашната градска власт која наскоро ќе си замине? Ова прашање како да се подзаборави оти сега скопјани добиваат нови и нови ветувања за време на кампањата. Но треба да се види што градоначалничката Данела Арсовска заврши од покрупните ветувања кои ги даде на почетокот од мандатот.

На скопјани им беа ветени: 5 нови мега-паркови, 5 нови булевари, гасификација на градот, 250 нови еколошки автобуси, бесплатен јавен превоз, најдобар Луна парк на Балканот, жичарница од Скопје до Средно Водно, нов ГУП, Универзална сала, садење на 100.000 дрвја секоја година и уште многу други работи.

Фини и корисни проекти, ама скоро ништо од тоа не стана реалност. Да, факт е дека градската власт сепак реконструира некои улици или се почна градење на нови, се реконструираа и некои училишта, паркови и слични работи, но, сепак дали е тоа доволно? Едноставно, мандатот на сегашната градоначалничка и градските советници помина под мотото – Лесни ветувања тешка реализација.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна вестТоневски најави дом за повозрасните и почит кон пензионерите во Пробиштип
Следна вест(Видео) Прва скопска ТВ: При крај реконструкцијата на Домот на културата во Ченто