Службите на Општина Центар интензивно работат на обновување на паркинг просторот на улицата „Петар Поп Арсов“, лоциран зад Вучко.
Во тек е асфалтирање и уредување на паркингот со површина од 550 метри квадратни.
По завршувањето на градежните работи, следува обележување на паркинг- местата, по што просторот ќе биде целосно функционален и подготвен за користење.
Реновирањето на паркингот се изведува на барање на жителите во рамки на караванот „Се гледаме во маало”, кои се соочуваат со хаотичната состојба при паркирањето и недостиг на паркинг-места.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:



