Темен режим Режим на светлина

(ВИДЕО) Се реконструира мостот „Киро Фетак“ во Кисела Вода

Во тек проширувањето и целосната реконструкција на мостот „Киро Фетак“ – важна сообраќајна врска меѓу Кисела Вода, Аеродром, Зелениково и Студеничани со автопатот, соопшти градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.

Мостот со години претставувал критична точка и место на чести незгоди, но со актуелните градежни зафати ќе добие нов, безбеден и функционален изглед.

„Со реконструкцијата се врши санација и проширување на мостот, како и изградба на нови тротоари и рабници за поголема безбедност и подобра проточност на сообраќајот“, изјави Ѓорѓиевски.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

(ВИДЕО) Општина Центар сама ќе си го собира ѓубрето, изјамиле дополнителна механизација

Следна објава

(ВИДЕО) Ќе се гради мултифункционален центар во Ново Лисиче