(ВИДЕО) Семејството и татковината се две многу значајни вредности, им порача Мицкоски на првачињата

12

„На најмладите и наставниците сакам да им порачам две работи: ова се години кога учите за две многу значајни вредности, а тоа се семејството и татковината, за нашата Македонија“

Ова е пораката што по повод почеток на новата учебна година до првачињата ја упати премиерот Христијан Мицкоски кој заедно со градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски го посетија основното училиште „Кирил Пејчиновиќ“.

Мицкоски на првачињата им посака среќни училишни часови и денови, а на останатите ученици среќна и успешна учебната година.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна вест(ВИДЕО) Каја Шукова најавува реформа на јавниот превоз
Следна вест(ВИДЕО) Мециновиќ: Во Скопје постои партија што го блокира Градот