„Над 150.000 жители од општините Аеродром и Гази Баба секојдневно се изложени на чад и загадување заради депонијата Вардариште“, соопшти синоќа кандидатката за градоначалник на Скопје од СДСМ, Каја Шукова.
Според неа најитно решение е воведување на 24-часовен надзор, целосно оградување на депонијата и забрана за влез на сите лица освен вработените од ‘Комунална хигиена’.
Таа нагласи дека ова е интервентна мерка, која е неопходна пред да се премине кон долгорочни системски решенија, како изградба на нова претоварна станица, обновување на механизацијата и воведување на задолжителна селекција на отпадот.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:


