Темно Режим Светло Режим

(ВИДЕО) Шукова: Скопското Кале не е само прашање на косење трева – ова е прашање на почит кон историјата

„Скопското Кале не е смет – тоа е нашата историја и богатство“, изјави Каја Шукова,
кандидат за градоначалник на Скопје од СДСМ, при посетата на ова место.

За неа е неразбирливо е како ВМРО – ДПМНЕ и Данела Арсовска имале време за кичот
„Скопје 2014“, за стиропор и врби во Вардар или за враќање на Ќосето пред судот, но не
за ревитализација и одржување на Калето.

„Како експерт за животна средина, не можам да гледам на Калето како на „туристичка
дестинација“, туку како на жива меморија што заслужува почит, инвестиции и
континуирана грижа. Ова не е само прашање на косење трева – ова е прашање на почит
кон историјата, одговорност кон иднината и грижа за просторот што нè дефинира“, рече
Шукова.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

(ВИДЕО) „СОС Вита“ со барање секоја општина да има лице со попреченост како советник

Следниот Пост
ВМРО-ДПМНЕ започнува внатрепартиски промени во раководството

Каде е Венко Филипче, прашува ВМРО-ДПМНЕ