Регионален спортски саем, во организација на Министерството за спорт, ќе се одржи на 10 септември во хотелот „Хилтон” во Скопје.
Преку девет панел-дискусии, работилници и сесии за вмрежување ќе се дискутира за развојот на спортот, инфраструктурата, спортската дипломатија, медицината и промоцијата на здравиот живот.
Настанот ќе заврши со претставување на Националната стратегија за развој на спортот 2025-2028, која ќе ја дефинира идната насока на македонскиот спорт.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:





