Над 19.000 платни налози за сообраќајни прекршоци се издадени во август од страна на полицијата. Од нив, 6.730 прекршоци се за возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење.
Според извештајот на МВР 82 лица биле упасени, од кои 46 за возење под дејство на алкохол, 10 за возење под дејство на наркотични средства, две за возење во забранет правец, 24 за возење со брзина поголема од дозволената.
Можеме да замислиме колку од овие прекршоци се направени во Скопје, каде што сообраќајната култура е на многу ниско ниво.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:



