Денеска тече нормално градскиот сообраќај во Скопје. Приватните превозници се вклучија во јавниот сообраќаен крвоток на градот.
Но дали вака мазно се ќе тече во иднина? Ова е прашањето кое ги мачи жителите на главниот град веќе подолго време.
Скопјани и вчера се разбудија со дилемата дали ќе мора да се снаоѓаат за транспорт или ќе има автобус. Среќа, на приватните превозници им беше исплатен дел од долгот на ЈСП и Градот па пак ги запалија моторите.
Но ова е само привремено решение за следните десетина дена. Што потоа?
И ова не е проблем само од вчера, затоа што, особено во мандатот на сегашната градоначалничка Данела Арсовска, се повторува на секои 4-5 месеци. Де нема пари за нафта на автобусите на градскиот ЈСП, де нема пари за приватниците. А граѓаните се фрустрирани и принудени да користат такси или лични возила, создавајќи дополнителен сообраќаен метеж.
Многуте ветувања за редовно снабдување со гориво на ЈСП и навремени исплати кон приватниците остануваат само на хартија. Ова е и симптом на слабост во системот на управување на јавниот превоз. Ќе се смени ли сето ова во позитивен правец по изборите?
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:



