(Видео) Вработените во „Паркови и зеленило“ со рок до раководството за исплата на платата

10

Вработени од „Паркови и зеленило”, „Флораком” и „Луна” организирани од Независниот синдикат на државната администрација на раководството на јавното претпријатие му дадоа рок до 28-ми овој месец да им исплати плата за септември, во спротивно ќе ја активираат одлуката за штрајк.

„Секој ден бараме прием и се уште не не примиле на разговор. Немаат волја за разговор и затоа ние мораме правото да го остваруваме на улица”, изјави Горан Ристевски, претседател на гранскиот синдикат.

И минатиот месец, вработените во овие скопски јавни претпијатија плата добија по повеќедневен штрајк и блокирање на крстосници во центарот на Скопје.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна вест(Видео) Започнаа работите на првата делница за скопскиот „Градски воз“
Следна вест(Видео) Можност за вдомување на бездомни кучиња од „Лајка“ од денеска до недела во „Дајмонд мол“