(Видео) Започнаа работите на првата делница за скопскиот „Градски воз“

20

Најавената делница од проектот „Градски воз“, почнува да се реализира. Како што соопшти Вицепремиерот Александар Николовски веќе се работи на првата делница.

–Идејата на проектот „Градски воз” е постојната железничка инфраструктура да се реконструира, да се реновира, да се крене на едно друго ниво и да се користи за градски сообраќај. Во Скопје има развиен систем скоро како детелина. Веќе на првата делница, која што оди Зелениково – Драчево – Лисиче – Кисела Вода – Аеродром – Нова железничка, почна да се работи овие денови. Следната година ќе ги работиме другите две лини, за да ја донесеме во инфраструктурна состојба, таа да може да се користи интензивно и често и после тоа да се воспостави еден редовен сообраќај. Првата линија ќе биде готова за шест месеци, што значи дека некаде следното лето на првата линија ќе функционира градскиот воз – истакна Николоски.

Инаку тој соопшти дека се преговара со Европската банка за обнова и развој за набавка најпрвин на нови локомотиви, а потоа и на нови вагони.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна вест(Видео) Што прво да очекуваме од Александар Георгиевски во Илинден и Борче Митевски во Петровец
Следна вест(Видео) Вработените во „Паркови и зеленило“ со рок до раководството за исплата на платата