Викендот донесе 135 нови случаеви на Ковид – 19

Во последните 3 дена (од 03.06 до 05.06.2022) од направени 2.257 тестови регистрирани се 135 нови случаи на Ковид-19, соопшти денеска Министерството за здравство. Од нив во Скопје се 93, Битола и Кавадарци – по 8, Прилеп, Охрид, Штип и Струмица – по 3, Куманово, Велес, Гостивар и Неготино – по 2, Тетово, Кичево, Свети Николе, Дебар, Виница и Македонски Брод – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (135), регистрирани се 25 реинфекции.

Регистрирани се 164 оздравени пациенти од: Скопје – 121, Битола – 19, Штип – 4, Прилеп – 3, Кавадарци, Куманово, Неготино, Кичево и Свети Николе – по 2, Велес, Тетово, Кочани, Гевгелија, Ресен, Крива Паланка и Демир Хисар – по 1. Во текот на изминатите 3 дена не е пријавено ниту едно починато лице.

-Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 312.292, бројот на оздравени пациенти е 302.508, на починати е 9.309, а бројот на активни случаи изнесува 475, се наведува во информацијата.

Претходна вестСе предлагаат четири блок-тарифи за да оние кои трошат повеќе струја плаќаат и повеќе
Следна вестССМ достави амандман за измени на ребалансот со кој бара зголемување на платите за 2.806 денари