Викендов почнува летното сметање на времето. Ноќта меѓу сабота и недела стрелките на часовникот ќе се поместат за еден час напред, што значи дека наместо два ќе биде три часот.
Часовниците се поместуваат двапати годишно, на последниот викенд од март и октомври.
Во март стрелките се движат еден час напред, а во октомври се враќа часовникот еден час наназад.
Поместувањето кон летното, односно зимското сметање на времето е со цел да се заштеди енергија.
Идејата за пресметка на зимско и летно сметање на времето се заснова на астрономската околност дека во јануари сонцето изгрева само околу 8 часот, а заоѓа во 16 часот. Во јули, кога денот е подолг, сонцето изгрева пред 5 часот наутро и заоѓа по 21 часот.