„Виолинфест“ во камерната сала на Филхармонија

Со почеток во 20 часот вечерва во камерната сала на Филхармонија, концерт ќе одржат 11 млади виолинисти од Македонија, Србија и Косово, придружувани од пијанистката Марија Вршкова. Се работи за седмиот по ред концерт на млади виолинисти „Виолин фест“.
Целта на организирањето на концертот е да им се овозможи на младите виолинисти да музицираат надвор од обврските на своите училишта. Организатор е Владимир Костов, концерт-мајстор на Филхармонијата, со поддршка од Министерството за култура. Влезот за посетители е слободен.