Темен режим Режим на светлина

Влада: Трговците да прибавуваат задолжителни количества овошје и зеленчук

Владата на Република Северна Македонија, на седница донесе одлука трговците кои продаваат овошје и зеленчук, да прибавуваат и продаваат 70 проценти од количествата коишто ги продале во јануари и февруари.

Оваа одлука, којашто следува по одлуката за замрзнување на цените на определени видови овошје и зеленчук, е предвидено да важи до крајот на април.

Заклучено е дека е потребна ваква одлука, како што соопшти предлагачот, Министерството за економија, по координативниот состанок на надлежните институции во врска со предметното прашање.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Игор Бишчан ќе биде нов тренер на Стефан Ристовски во Динамо Загреб

Следна објава

Вардар 1961 без милост кон Војводина!